МВР: Во текот на изминатото деноноќие во државен карантин спроведени 23 лица

од Берта Китинска
174 прегледи

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:

Полициски час

По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 38 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а 7 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е едно лице кое не ја почитувало мерката.

Во државен карантин се спроведени 23 лица.

Слични содржини