Бектеши: Ќе им помогнеме на нашите компании, оваа криза заеднички ќе ја направиме нова можност за сите нас

од Берта Китинска
261 прегледи

До септември годинава се очекува да биде подготвена новата дигитална платформа која ќе им помогне на домашните индустриски комапнии да освојуваат нови пазари.

За платформата преку Министерството за економија се планирани еден милион евра од третиот сет владини мерки.

Како што соопштија денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши на заедничката прес-конференција во Владата, за утре е закажан состанок со претставници од текстилната и чевларската индустрија, како и со претставници од стопанските комори, на која ќе се дискутира за развој на платформата.

-Мора да помогнеме на нашите компании за време на оваа криза.Со цел да го заштитиме домашното прозиводство. Оваа криза заеднички да ја направиме нова можност за сите нас. Поддршка од 16 милиони евра ваучери за граѓаните ќе можат да ги искористат за домашните угостителски објекти, истакна Бектеши.

Слични содржини