Една недела можела да спаси 36.000 животи: Ова била клучната мерка која Америка предоцна ја вовела

од Aleksandar Petrovski
139 прегледи

САД да вовеле мерки на социјално дистанцирање само седум дена порано би биле спречени 36.000 смртни случаи се тврди во извештајот за новиот модел на предвидување направен на универзитетот Колумбија.

Соединетите држави да почнале на 1 март да ги изолираат градовите и да ги ограничуваат социјалните контакти, а не неколку дена подоцна, повеќето смртни случаи би биле избегнати, проценија истражувачите.

Според тоа сценарио, околу 54.000 луѓе помалку би починале до почетокот на мај.

Епидемијат аво САД се разгоре во март, а дури и мали разлики во времето би го спречиле експоненцијалниот раст, кој во април го покори Њујорк, Њу Орлеанс и други големи градови.

„Тоа е голема, голема разлика. Тој мал временски период, фаќајќи го во таа фаза на растот, неверојатно бил клучен за намалување на бројот на смртни случаи“, изјави Џефри Шаман, епидемиолог на Колумбија и лидер на истражувачкиот тим.

Во САД од почетокот на пандемијата заболеа повеќе од 1.593.000 луѓе, а починаа 95.000.