ВИДЕО: Во пожар изгоре магацински простор за резервни автомобилски делови во Радишани

од Берта Китинска
306 прегледи

Магацински простор за резервни делови за стари половни возила во близина на бензинска пумпа на влезот во Радишани е опожарен денеска околу 13 часот. Нема повредени, причинета е само материјална штета.

– Пожарот веќе е локализиран и се работи на негово расчитување, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со десетина возила.