
Поради натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Атлетико, животот го загубија 41 лице, покажаа истражувањата во Шпанија.
Ливерпул го пречека Атлетико Мадрид пред полниот „Енфилд“ во возвратниот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.
Атлетико напредуваше во четвртфиналето по дополнителното време.
Сепак, тоа нема да биде запаметено.
Натпреварот се одигра пред полни трибини, со дозвола на англиската влада, и тоа беше голема грешка, покажуваат студиите во Шпанија.
На натпреварот имаше 50.000 гледачи, од кои 3.000 беа од Шпанија, а заради тој натпревар 41 лице почина како резултат на коронавирусот.
Луѓе починаа поради последици од коронавирусот, кои се поврзани со одиграниот натпревар, која исто така беше жариште, како и натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија во Италија.
Во Англија тврдат дека ги спровеле сите мерки за превенција, но на крајот се покажа дека тоа не било случај.