
Откако попуштија мерките против коронавирусот во Австрија, баровите во Виена ги отворија своите врати. Како и да е, според австриските медиуми, во еден од клубовите каде излегуваат граѓани од балканско потекло, не биле почитувани мерки за одржување дистанца, ниту пак полициски час.
– Балканската улица е жива – е мотото под кое стотици виенски граѓани се собраа во еден бар на улицата Отакрингер. И покрај олеснувањето на мерките, некои препораки остануваат во сила.
Како што пишува австрискиот Heute, мерките за растојание помеѓу лица или полициски час не биле почитувани во споменатиот локал.
Иако полицискиот час започнува во 11 часот, тој не беше почитуван во овој случај.
Виенската полиција беше вклучена во целиот случај.
Видеото можете да го погледнете на овој ЛИНК.