
Во првите денови од јуни, Црна Гора ќе ги отвори своите граници кон оние земји што ги исполнуваат епидемиолошките критериуми на Институтот за јавно здравје.
Ова го изјави на прес-конференција премиерот на земјата, Душко Марковиќ.
Тој објасни дека границите ќе бидат отворени за оние земји каде што бројот на заразени е 25 или помалку во однос на 100.000 жители.
-Првите земји се Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Албанија, Грција …, рече Марковиќ.
Тој најави дека намерата е од следната недела да се отворат градинки и игротеки.
– Ќе бидат дозволени свадби, крштевки, ограничен број публика на спортски настани, со соодветни мерки, рече Марковиќ.