Од вчерашните 14 новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир, еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново.
Заболените во речиси сите скопски општини, се поврзани со некој веќе претходно потврден случај, изјави директорот на Институтот за јавно здравје – Скопје Арбен Зибери.
Институтот за јавно здравје вчера регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-4, Тетово-1 и Велес-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.
Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-14, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-1, Велес-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е 1 пациент.