СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ: Полицајка од Куманово возела на автопат со нозете качени на прозор (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
391 прегледи

Скандалозно однесување на полицајка од Куманово која возела автомобил со нозе преку прозор, качени на управувач и се снимала, а видеото потоа се раширило со споделувања и по социјалните мрежи објави ТВ Телма.

„Oд снимките се гледа дека видеото е снимано на автопат, а празните коловозни ленти ја отвараат и дилемата дали тоа можеби се случувало и за време на полициски час? Видеото кое беше доставено до Телма по социјалните мрежи почнало да се споделува на 11 и 12 мај“, јави Телма. 

МВР потврдило дека станува збор за Д.Ј. која добила укажување за недолично однесување.

„Бидејќи станува збор за полициски службеник од страна на СВР- ПС-ОН Куманово ќе биде известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за превземање на понатамошни мерки“, вели МВР.

 

https://www.facebook.com/seir2017/videos/561650878078328/