Здравствените предлози се веќе дадени на надлежните како да биде организирано работењето на градинките, но кога станува збор за подредувањето и структуирањето на постапките на кој начин да се изведе сето тоа е оставено на МТСП, баш и токму заради тоа очекуваме да ги согледаат нашите предлози и да бидат повторно доставени кај нас и нивните видувања за да може да се даде правилен заклучок и протокол за постапување, вели во интервју за Локално директорот на Детската болница „Козле“ и член на Комисијата за заразни болести, Ангелчо Андоновски.
– Предстојниот период кога ќе започне наставата , се надевам дека и свеста ќе биде на повисоко ниво да децата кои се болни или симптоматични бидат носени на лекар, а не во градинка, смета директорот на Детската болница „Козле“.
Член сте на Комисијата за заразни болести, која ги разгледува предлозите за воведување на големиот дел од протоколите. Во тек е подготовката на отворањето на градинките, кои се вашите предлози до Министерството за труд и социјална политика?
-Комисијата за заразни заболувања функционира беспрекорно повеќе од 90 дена постојано од самиот старт на појавата на Ковид 19 ширум светот и зазема правилни и функционални одлуки кои ги прилагодува на нашите услови и состојбите кои ни се наложуваат во нашата држава. Правилното функционирање на сите институции е заедничка задача , досега во комисијата биле разгледани огромен број на барања и предлози, а и биле поканети сите кои сакале да дојдат за да се отворено поразговара околу условите и можностите за нечие функционирање. Конкретно кога станува збор за соработката со МТСП досега се што е предложено е со заедничка соработка изготвено но секогаш се очекуваат сите тие предлози да бидат епидемиолошки анализирани а и ревидирани доколку има потреба. Ни претстои период каде очекуваме да се дофинишираат одредени ставки во врска со градинките од страна на МТСП па да сето тоа произлезе и како заклучок и протокол во периодот што ни следи.
Кажете ни на кој начин ќе биде организирано и распоредено присуството на децата во една забавална и дали ќе има ограничен број на присуство во истата со оглед дека во групите има и повеќе од 20 деца?
-Согледувањата и здравствените предлози се веќе дадени на надлежните како да биде сето тоа организирано, но кога станува збор за подредувањето и структуирањето на постапките на кој начин да се изведе сето тоа е оставено на МТСП , баш и токму заради тоа очекуваме да ги соглеедаат нашите предлози и да бидат повторно доставени кај нас и нивните видувања за да може да се даде правилен заклучок и протокол за постапување. Од медицински епидемиолошки аспект само накратко ќе напоменам дека нашите предлози се усмерени кон начинот на одржување на хигиената , начинот на постапување и работа со децата да е тоа на дистанца меѓусебна , да персоналот кој работи со нив е со лична заштитна опрема, да хранењето е во неколку етапи , да играта се одвива во отворени услови и со дистанцирање , да се постават посебни коридори на движење, начинот на спиење во креветчињата да е изменет да има раздалеченост на креветчињата и да се контра свртени дечињата да не се со глава до глава туку глава нозе и да се мери температурата при влез и да се одржува врвна хигиена.
Дали негувателките и воспитувачките ќе мора да носат маски или марами додека се во просторијата со децата?
-Да токму и тоа е протокол на работење , веќе се привршува со скринингот на тој персонал кој работи со децата и како информација и на наша радост од севкупниот персонал кај кој беше направено анализирањето беа најдени само два позитивни случаи. Со оглед на состојбата ќе биде се направено во најкраток можен рок за да почне нормалното функционирање на овие установи, секако и само во разбирливи и прифатливи услови кои ни ги носи времето и боројт на случаевите. Се надевам дека за кратко време сето тоа ќе се доведе во нормални граници и ќе се отпочне со нормално функционирање прилагодено на нашите условија.
Во тек е и дезинфекцијата на објектите во повеќето градинки.Сето тоа е процес кој зависи од нивните надлежни , секако дека инспекцицките служби и ДСЗИ ќе извршат и надзор на сето тоа што е направено таму. Сите ние а и нашето општество посакува најдобро за нашите најмили , дечињата. Сите предлози дадени од комисијата се со најпрактични и прилагодливи услови во кои можат децата да функционираат беспрекорно. Дадени насоки од самиот влез до начинот на дезинфекција , хранење , игра, спиење , настава се се согласно и светските протоколи а и прилагодување на нашите условија.
Дали по отсуството на детето од неколку дена во градинките ќе се бара лекарска потврда ли тест дека детето е во добра здравствена состојба?
-Децата не се ризична група, благодарение на мерката на здравствените власти и комисијата за заразни да не се одвива наставата во училиштата и градинките направивме да оваа сензибилна, а најважна група биде здрава. Децата кои досега беа инфицирани со Ковид 19 беа без тешки компликации дури можам да кажам дека скоро сите беа асимптоматски. Предстојниот период кога ќе започне наставата , се надевам дека и свеста ќе биде на повисоко ниво да децата кои се болни или симптоматични бидат носени на лекар, а не во градинка.
Дали ќе им биде овозможено на родителите во градинките да ги згрижат и децата кои се помали од 10 години,како што беше пракса изминативе години во текот на летните месеци?
-Овој момент се уште е тоа предмет на разгледување од страна на надлежните од МТСП , така да сметам дека со почитување на сите дадени здравствени протоколи не би било никаков проблем да сето тоа се реализира.
Ваш совет до родителите како би можеле да го заштитат детето и подобрат имунитетот во овој период додека владее пандемијата?
-Советите постојано ги слушаме и постојано гласно говориме кога станува збор за дечињата тие се нашата иднина и дека грижата кон нив треба да биде секогаш на највисоко ниво. Имунитетот се крева со правилна исхрана , со храна богата со минерали и витамини, со така наречена детска гимнастика , со прошетки и игра во природа, сето тоа е еден природен начин на стимулирање на имуниот систем на еден млад детски организам. Доколку стамува збор за суплементација со витамини и минерали , витаминот Ц да биде застапен постојано и да се даваат пробиотици во периодот што претстои , секако дека ова е само еден дел од советите што можам како педијатар да ги кажам но сакам да апелирам да баш токму ние родителите бидеме внимателни и да ги спазуваме сите мерки , дистанца , носење заштитни маски и постојана хигиена за да не се инфицираме ние а со тоа да си ги инфицираме и нашите најмили. Нема место за паника само поставување на нешто ново како правило а тоа е повисока медицинска култура и совест. Само така правилно ќе ги воспитаме и своите дечиња и секогаш ќе се надеваме дека само и само така ќе се заштити нивното здравје.
Б.М