Чаирскиот градоначалник во изолација по контакт со лице позитивно на Ковид-19

од Берта Китинска
428 прегледи

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу е во изолација, откако претходно бил во контакт со лице кое во меѓувреме добило позитивен тест на Ковид-19.

Ќе ја искористам можноста преку овој вид на комуникација со вас, да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со корона вирусот. Воедно сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше ПОЗИТИВЕН кон тестот за COVID -19, затоа од овој момент ќе останам во САМОИЗОЛАЦИЈА и ќе делувам според протоколите на соодветните здравствени институции. Драги граѓани, уште еднаш ќе ја искористам оваа прилика да ви АПЕЛИРАМ за внимавање, придржување на предвидените мерки и сериозно третирање на оваа тематика и предизвик, бидејќи состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да стапи кон по лошо, напиша Ганиу  на својот Фејсбук профил.

Слични содржини