522
Денеска се очекува завршни зборови да дадат првоосомничениот Бојан Јовановски и Катица Јанева во случајот Рекет.
По завршните зборови, ќе треба да се закаже уште едно рочиште за изрекување на пресудата.
На последното рочиште обвинителката Вилма Русковска, рече дека Јовановски и Јанева ги сториле кривичните дела, а се повика на сведочењата на брачната двојка Камчеви и вработена во компанијата „Орка Холдинг“.
Таа потсети дека тие потврдиле дека на Боки 13 прво му дале половина, а потоа милион евра. Обвинителката се повика и на фотографија од домот на родителите на Јовановски, каде спред неа, завршила торбата со пари „Луј Витон“.