Вицепремиерот Бујар Османи утрово предупреди дека денеска бројката на новозаразени е уште повознемирувачка и апелира да се почитуваат мерките на претпазливост.

„Добро утро, шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите: не верувајте во теориите на заговор, маската го намалува преносот за 79%. Не биди причина за смртта на најблиските. П.С Денес бројот е уште позагрижувачки!“, напиша Османи.