Заев: Во изминатите три години постигнавме две стратешки цели

од Берта Китинска
129 прегледи

Точно пред три години беше формирана Владата предводена од СДСМ на чие чело застана лидерот на партијата Зоран Заев. Тој денеска на прес-конференција реферираше за она што е направено. Заев, кој поднесе оставка поради формирање на техничката Владата пред повеќе месеци, истакна дека земјата исполни две од стратешките определби.

-Станавме 30 земја – членка на НАТО и имаме одлука за почнување преговори со ЕУ, истакна лидерот на СДСМ.

Нашата земја, според него, е најпозитивниот пример во регионот.

Заев на прес-конференцијата потенцираше дека Владата предводоена од СДСМ, после режимот, ја вратила слободата и демократијата.

Зборувајќи за постигнувањата во економијата, истакна дека во овие три години отворени се над 67.000 работни места и оти најголем дел биле во приватниот сектор. Невработеноста е намалена за шест отсто.

-Владата предводена од СДСМ значително ги зголеми нето платите за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Според него, Владата и здравствените власти „на нозе го дочекавме справувањето со Ковид -19“. Посочи на зголемувањето на платите на медицинските лица и здравствените работници, воведе ни се нови лекови, подигнати се условите за работа.

Заев ја критикуваше опозицијата и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски, кого го обвини за поткопување на чекорите за влез во НАТО и за ЕУ, а сега, како што рече, се обидува тоа да го направи со справувањето со Ковид – 19. Според него, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев дозволил непочитување на мерките и оти овие денови се чуствуваат последиците од тоа. Повика на почитување на мерките за спречување на Ковид-19.

Слични содржини