
Новата влада на Косово донесе одлука денес да ја отвори границата со Црна Гора и да се укинат мерките за граѓаните на Црна Гора.
Според порталот Malesija.me, со договорот меѓу министерот за здравство Арменд Земај и министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ, сите граѓани од Црна Гора кои влегуваат во Косово нема да бидат самоизолирани, туку само детално ќе бидат прегледани од лекар.
Оваа информација ја потврдија за порталот Masija.me од Амбасадата на Косово во Подгорица.