136
Владата во 15 часот ќе одржи седница, на која ќе се расправа за нов полициски час.
Комисијата за заразни болести достави предлог да во критичните градови има полициски час од 22 часот, до 05 часот, додека во другите места да биде укинат.
Се очекува Владата да го прифати овој предлог, со оглед дека во последните денови бројката на новозаразени со коронавирусот се зголеми за неколку пати, а бројките се главно троцифрени.
До сега нема извештај за најновата состојба со Ковид-19 во земјава од страна на министерството за здравство.
Министерот Венко Филипче, заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски и директорот на центарот за јавно здравје Арбен Зибери ќе одржат прес-конференција во 16 часот.