Од вкупниот број на активни позитивни случаи во Скопје, 41 се кластери. Пвеќето кластери се во кругот на семејства, фирми и семејства. Секој кластер се состои од 3 заболени до 22 члена од исто семејство.
Во моментов во Скопје активни случаи се 658. По општини: Чаир 169, Бутел 63, Гази Баба 61, Аеродром 57, Сарај 56, Карпош 45, Кисела Вода 35, Арачиново 23, Студеничани 19, Илинден 18, Ѓорче Петров 20, Шуто Оризари 17, Петровец 6, Чучер Сандево 3, Сопиште 2 и општина Зелениково досега нема ниту еден регистриран случај.
„За активните случаи во градот Скопје, многу е важно да напоменеме дека 60%, односно 390 од вкупниот број на активни позитивни случаи се поврзани со веќе познати позитивни случаи. 60%, односно 360 од вкупниот број на активни случаи се асимтоматски случаи, што е многу важно и затоа треба сите да бидеме претпазливи, затоа што имаме во последниве денови многу такви случаи кои се асимптоматски и коишто може полесно да ја шират болеста. 35%, односно 210 од вкупната бројка на активни позитивни случаи во Скопје не се поврзани со веќе познати позитивни случаи, но јас би рекол дека оваа бројка е уште помала кога зборуваме со нашите епидемиолози и ги анализираме случаите. Ако не се поврзани општински, имаат семејна поврзаност, живеат во две различни општини“, рече директорот на Центарот за јавно здравје д-р Арбен Зибери.