Министерот за здравство Венко Филипче апелираше да се почитуваат мерките кои штитат од коронавирусот и
при секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита.
– Да држиме растојание од два метри во затворени и отворени јавни простори, никогаш да не се групираме повеќе од две лица, задолжително да носиме маска, марама, шал во затворени простори, заштитна опрема се носи и надвор тогаш кога не можеме да ја одржиме потребната дистанца од два метри растојание, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.
Да не заборавиме дека мора да бидеме многу внимателни и да се заштитиме. При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита.☑️ Да држиме растојание од два метри во затворени и отворени јавни простори;☑️ Никогаш да не се групираме повеќе од две лица;☑️ Задолжително да носиме маска, марама, шал во затворени простори;☑️ Заштитна опрема се носи и надвор тогаш кога не можеме да ја одржиме потребната дистанца од два метри растојание.Да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавирусот.
Публикувахте от Венко Филипче в Вторник, 9 юни 2020 г.