Твитер реакции по вечното српско дерби: Ало, ортопедија, му ја наместивте ли кичмата на Дегенек?

од Aleksandar Petrovski
233 прегледи

Дефанзивецот на Црвена звезда, Милош Дегенек, стана предмет на потсмев на социјалните мрежи по катастрофалната реакција во одбраната на решавачкиот гол на Партизан.

Да потсетиме, Партизан ја совлада Црвена звезда со резултат 1:0 и се квалификуваше во финалето на Купот на Србија.

Стрелец на единствениот гол беше Нато во 58-та минута. Сепак, најзаслужен за триумфот на црно-белите беше напаѓачот Умар Садик, кој по спектакуларните „финти“, му асистираше на Натхо во шеснаесетникот на Звезда.

Одличниот Садик направи дар-мар во шеснаесетникот, комплетен хаос во одбраната на „црвено-белите“… А најлошо помина Милош Дегенек, кој заврши на земја на комичен начин по маестралниот дриблинг на напаѓачот на Партизан.

Дегенек така стана предмет на потсмев на социјалните медиуми. Навивачите не ја заборавија изјавата што тој ја даде пред натпреварот, во која тој го прозива Садик: „Чував многу подобри играчи од Садик“.

Со духовити коментари, приврзаниците на Партизан го уништуваат дефанзивецот на Звезда, а подолу можете да видите некои од најкреативните: