Финансиска полиција ќе бара лични карти на гостите во кафулињата

од Берта Китинска
510 прегледи

Пазарните инспектори заедно со претставници од финансиска полиција ќе вршат контроли во угостителските објекти. Отако објектите почнаа со работа се отвори прашањето кој ќе ги легитимира гостите дали ги почитуваат протоколите.

Фото: Борче Поповски

Пазарните инспектори тврдат дека за тоа немаат овластување, а истото го посочија и угостителите, поради што побараа од надлежните измени во одредени делови на протоколите. Но засега продолжува да важи истиот правилник за работа, a легитимирањето ќе го прават лица од финансиска полиција.

Во изминатите денови угостителите најмногу казни добиле за примање гости и во внатрешниот дел од објектите, за недоволно дезинфекциски средства во објектот и прекувремената работа.

Директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски изјави дека ниту еднаш не е пишана казна доколку се фатени 4-ца гости на иста маса, и дека таа мерка и покрај барањето да се укине од угостителите и на инспекторатот – останува на сила по налог на комисијата за заразни болести. За свадби, веселби и за отварање на хотели се уште нема протоколи.

Инспекторите откриле и дека многу објекти иако работата како ресторани, кафеани или чајџилници воопшто немаат дозвола.

Слични содржини