„Ауди“ без регистарски ознаки, удри во деветгодишно дете на велосипед

од Берта Китинска
321 прегледи

Вчера во 13.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на влезот за с.Дебреште, К.Т.(21) од с.Дебреште, со „ауди“ без регистарски ознаки, удрил во деветгодишно дете кое возело велосипед.

По незгодата, детето било пренесено во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти полицијата.

Слични содржини