„Развојот и унапредувањето на инфраструктурата е врвен приоритет за СДСМ и Владата што ја предводи. Во овие три години инвестиравме во развој на патната инфраструктура низ целата држава. Се гради како никогаш досега низ сите региони во нашата држава“, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Овде, во струмичкиот регион каде што сме денеска, реализирани се сериозни инвестиции во подобрување на патната инфраструктура. Со тоа, влијаеме на локалниот економскиот развој, но и ги подобруваме условите за живот на сите граѓани од овој регион.
Го рехабилитиравме регионалниот пат Струмица – Берово, Струмичкото поле и Малешевскиот регион сега се подобро поврзани. Со 1,6 милиони евра рехабилитиран е и патот Струмица – Ново село кој е важен за подобра поврзаност со нашиот сосед Република Бугарија.
Покрај овие значајни патни правци, се работеше и на унапредување и модернизација на другите регионални патишта како регионалниот пат Василево – Добрејци, транзитот низ село Куклиш, влезот во Струмица и други“, посочува тој.