Мицотакис: Грција подготвена за туристи, здравјето е приоритет (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Здравствената безбедност на туристите ќе биде приоритет оваа сезона за Грција, која во понеделник ќе ги отвори аеродромите за странски туристи, изјави денеска премиерот Киријакос Мицотакис за време на посетата на островот Санторини, популарна туристичка дестинација.

„Многу сум задоволен што сум во Санторини и можам да ја испратам пораката дека Грција е подготвена да ги пречека туристите ова лето со тоа што ќе ја стави нивната безбедност и здравје на прво место“, рече Мицотакис.

Грција го зголеми бројот на здравствени работници на своите острови, а Мицотакис со маска на лицето ги посети здравствените установи и лекарите во Санторини.

Грција ќе ги тестира сите патници кои доаѓаат од аеродромот за кои се сметаат за висок ризик и тие ќе бидат во карантин до 14 дена, во зависност од резултатите. Патниците кои доаѓаат од сите други аеродроми ќе бидат тестирани според случаен примерок, пренесува Ројтерс.

Минатата година Грција ја посетија 33 милиони туристи, од кои имаше приходи од 19 милијарди евра.