Високото ниво на заштитна, почитувањето на одредени протоколи и ограничениот бројот на гости и работното време до 22 часот во угостителските објекти, ги натера младите да си прават забави и дружби на Водно.

Околу 30-тна возила со по неколку лица во нив, со алкохол и музика од автомобилите, младите вечерта ја минуваат на паркингот пред жичарата, како и по патот кон Водно.

Дел од нив велат дека ситуацијата со коронавирусот не ги плаши,а дел велат дека ги почитуваат мерките, но им фали забавата во клубовите.

Министерот за здравство постојано апелира и повторува дека мерките не се носат за луѓето да се групираат надвор и по кафеани, туку треба целосно да се почитува забраната, која настапи поради коронавирусот.

Во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19. Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.