
Претседателот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, оцени денеска дека деновиве, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, интензивно ја подготвува јавноста за признавање на Косово по изборите, потенцирајќи дека со бојкотот на изборите ги штити Косово и Метохија како дел од Србија.
Во писмената изјава, Обрадовиќ вли дека Вучиќ секој ден наоѓа ново лажно оправдување дека Косово и Метохија повеќе не може да биде дел од Србија, и прави вовед за потпишување на претходните тајни договори со Хашим Тачи за разграничување.
Според него, идејата на Вучиќ за демаркација подразбира прво признавање на Косово.
„Лажните избори следната недела се насочени кон формирање на лажно Собрание и Влада, кои ќе бидат подготвени да го поддржат предавството на Вучиќ на Косово и Метохија“, рече Обрадовиќ и ги повика граѓаните да не излегуваат на гласање, ветувајќи дека идната влада ќе поништи сè што е потпишано по падот на Вучиќ.