Куoмо кон Њујорчани: Се ближиме до крајот, ние сме аномалија

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Гувернерот Ендрју Куомо изјави дека Њујорк го „скротил ѕверот“ на коронавирусот по неколкумесечна напорна борба, јавуваат американските медиуми.

Во петокот се пријавени 32 нови смртни случаи – најмал број од почетокот на пандемијата.

Куомо рече дека веста е генерално „многу, многу добра“ и дека Њујорк има најниско ниво на хоспитализирани случаи од „Ковид-19“ од „кога започнал овој кошмар“ на 20 март, јави Хина.

„Го сторивме тоа. Го скротивме ѕверот. Сега сме на 180 степени од другата страна“, рече Куомо.

Гувернерот рече дека тестирањето во моментов е најважната работа во борбата против коронавирусот.

Ситуацијата во Њујорк е стабилна, нешто повеќе од 1 процент во однос на позитивните резултати од тестот откако првата фаза од отворањето започна во понеделникот, рече тој.

Куомо додаде дека ширењето на вирусот се зголемува во половина од Соединетите држави, нарекувајќи го „застрашувачки“.

„Бидете внимателни. Њујорк е аномалија. Њујорк е токму спротивното. Сите други држави – буквално сите други држави – се отворија и нивниот број на заразени веднаш се зголеми“, рече тој.

„Њујорчани, се ближиме до крајот, се отворивме, бројките продолжуваат да паѓаат. Ние сме аномалија за остатокот од нацијата“.

Слични содржини