Мицкоски: Прва можна дата за избори е средината на јули

од Берта Китинска
180 прегледи

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на прес конференција го повика претседателот Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба и да се изработат протоколи за избори.

Мицкоски рече на прес конференција дека првиот можен датум за избори е средината на јули,а за тоа ВМРО-ДПМНЕ има два услови, да се изработат протоколи за заштита на здравјето и да има фер и демократски и инклузивни избори

Според Мицкоски нивните услови вклучуваат и почеток на кампањата еден ден по првата прес-конференција на ОБСЕ/ОДИХР по пристигнувањето во земјава. Но, предупреди дека ако, како што рече, СДСМ и Зоран Заев тактизираат, се губи како можност и средината на месецот, односно 15 јули.