На струшките гробишта денес се извршил погреб на починат од корона вирус, без да се запазат протоколите за погреби од ваков тип, пренесе ОхридНет.
Погребалниот оператор „Спокој – Петрушевски“ го зел пациентот од Инфективното одделение во Охрид, а во документацијата била наведена причина за смртта и нагласено дека е земен брис за анализа , бидејки починатиот бил сомнителен на корона вирус. Денес брисот му е потврден починатиот бил позитивен на корона вирус.
Операторот спротивно на законот организирал погреб со одар и изложување на покојниот. Според очевидците на одарот присуствувале четириесеттина луѓе, а имало и служба.
Погребите на починатите пациенти кои биле заразени со корона вирус се спроведуваат под специјален протокол. Покојникот се обвива во чаршафи од хлор, па се става во лимен ковчег. Погребот се извршува веднаш без присуство на луѓе.