По 28 дена, во Црна гора регистриран случај на заболен од Ковид-19

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Во Црна Гора е регистрирано едно лице заразено со „Ковид 19“, но се работи за увезен случај и лице кое е во изолација.

Ова го соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора (ИЗJЗЦГ).

Црна Гора го прогласи крајот на епидемијата на коронавирус на 2-ри јуни, откако немаше регистрирано случаи на Ковид 19 во претходните 28 дена.

Во изјавата се наведува дека ова е увезен случај, дека лицето престојувало во Босна и Херцеговина минатата недела и дека тој останал во самоизолација од превентивни причини и на свое инсистирање.

Се додава дека епидемиолошкото истражување е во тек и дека првите податоци укажуваат дека бројот на контакти на новозаразеното лице бил „минимален“.

„Лабораториите на Институтот за јавно здравје извршија 128 анализи за новиот коронавирус во текот на викендот“, се вели во ИJЗЦЦГ.