Одлуката за обвинението за убиството на Брукс во среда: Полицискиот службеник може да биде обвинет за едно од 3-те кривични дела (видео)

од Nikola Popovski
152 прегледи

Герет Ролф, полицаец осомничен дека употребил огнено оружје при апсењето на Афроамериканецот Рајхард Брукс е отпуштен од работа и може да биде обвинет за една од трите точки на обвинението – убиство, убиство со предумисла или убиство од небрежност, изјавил Пол Хауард, обвинител од округот Фултон за државата Џорџија.

Хауард изјавил за Си-Ен-Ен дека обвинението зависи од тоа дали Ролф чувствува непосредна смртна закана или физичка закана, па затоа тој донел одлука да користи огнено оружје, го искористил само за да фати осомничен или од некоја друга причина.

„Ако испукал куршум од која било друга причина, освен за да си го спаси животот или да спречи некој друг да биде повреден, тогаш употребата на огнено оружје е нелегална“, изјавил Хауард.

Тој најавил дека ќе донесе одлука за обвинението во случајот со смртта на Рајшард Брукс до среда.