
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше на телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин и му се заблагодари за можноста повторно да размени мислења за разни прашања од билатерални и меѓународни односи, само еден месец по претходниот телефонски разговор.
Вучиќ му се заблагодарил на Путин за поканата да присуствува на Парадата на победата во Москва на 24 јуни.
Тој посочил дека е голема чест за него да учествува во одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот, затоа што е горд на фактот дека српскиот и рускиот народ „беа на иста страна на слободата во Втората светска војна“.
„Затоа не постои поважна задача од зачувување на сеќавањето на славната историја и вистината за борбата што донесе слобода и мир“, споделил Вучиќ.
Двајцата официјални претставници разговарале за регионални теми, а поголемиот дел од времето го поминале на прашањето за Косово и Метохија, особено за тоа што се случува на меѓународната политичка сцена.
Путин рекол дека ќе разговара за тоа приватно со претседателот следната недела во Москва, за време на прославата на победата над фашизмот.
Путин истакнал дека Русија ќе ја поддржи Србија кога станува збор за Косово и Метохија и дека е јасно дека не може да се донесе одлука без Советот за безбедност на Обединетите нации.
Вучиќ уште еднаш му се заблагодарил на Путин за активната поддршка на Русија за српските државни и национални интереси и за принципите на меѓународното право и правда.
Путин потврди лдека повторно ќе ја посети Србија за да присуствува на централната државна церемонија на осветување на храмот Свети Сава и истакна дека Русија ќе им помогне на интересите на Србија, како и да ги заштити интересите на Српската православна црква.