Потресна исповед на сопругата на убиениот Брукс: Децата чувствуваат кога тој не реагира на „тато“, правдата нема да не излечи (видео)

од Nikola Popovski
211 прегледи

Сопругата на Рајшард Брукс, Афроамериканец, кој беше убиен од полицијата во Атланта за време на апсењето пред неколку дена, изјавила дека нејзиното семејство е уништено и дека ниту една правда не може да го поправи. Ова е уште едно уништено црно семејство, изјавила Томика Милер, мајка на четири деца.

Полицијата заминала на местото на настанот во петокот вечерта затоа што добила пријава дека маж спие пред ресторан во возило паркирано во патеката. Откако паднал на тестот за алкохол, полицијата сакала да го уапси, а според податоците од истрагата, тој се спротивставил на апсењето, пренесува медиумите.

Милер вели дека ниту една правда нема да го излечи нејзиното семејство, бидејќи тие останале без грижлив татко и сопруг.

Таа дознала за неговата смрт во саботата наутро кога ја разбудиле полициските агенти што ја спроведуваат истрагата.

„Не можев да верувам. Не очекував дека ќе се разбудам и мојот сопруг никогаш нема да се врати дома“, изјавила таа.

Снимките за видео-надзор покажуваат дека Брукс трчал по паркингот, а полицијата го брка. Во еден момент, наводно, полицајците виделе дека Брукс го одзел еден од електро-шокерите, што тие ги носеле. Во тој момент, еден од полицајците извадил пиштол и пукал. Аутопсијата покажала дека тој бил застрелан двапати во грбот. Томика Милер е убедена дека Брукс само сакал да си оди дома.

„Тој го сакаше своето семејство, тој сакаше да биде дома со нас. Тој имаше работи што требаше да ги заврши. Можам само да замислам што размислувал“, рече Милер.

– Мојата ќерка знае дека нејзиниот татко нема да се врати. Мојот син знае дека неговиот очув нема да се врати, но помалите деца чувствуваат дека тој не реагира кога го повикуваат со „тато, тато, тато“, изјавила Милер.

Адвокатот на Милер, Крис Стјуарт, го спореди случајот на Брукс со убиството на Џорџ Флојд.

„Полицијата му стави лисици на Џорџ Флојд, по што тој беше убиен. Можеби, откако го гледал тоа видео, реакцијата на Брукс била: „Не сакам да бидам лишен од слобода со лисици“ – објаснил адвокатот.

Милер, која сега е самохрана мајка, вели дека се чувствува како статистистичка бројка.

„Сега се грижам само за нашите четири деца. Ова не беше мој избор, тоа ми беше наметнато кога го зедоа мојот сопруг. Тоа го уништи моето семејство и ниту една правда нема да го врати назад. Уништено е уште едно црно семејство“, заклучува Томика Милер.