Експлозијата се случи три дена откако сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун предупреди дека Северна Кореја ќе ја сруши „бескорисната“ канцеларија за комуникации.
Северна Кореја ја разнесе канцеларијата за врски со Јужна Кореја денес во пограничниот град Каесонг. Јужнокорејската армија објавила видео од експлозијата.
Официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА објавила дека уништувањето на канцеларијата е одговор, како што е наведено, на „ѓубрето“ кое треба „да плати скапо за своите злосторства“, што очигледно се однесува на активистите кои испраќаат пропагандни летоци на северот од земјата.
КЦНА не објасни детално како е уништена канцеларијата, но изјави дека канцеларијата е „трагично уништена од големата експлозија“.
Претходно, Пјонгјанг ги прекина сите форми на комуникација со Сеул, вклучувајќи ја и „тајната линија за комуникација меѓу лидерите на двата народа“, како и воените комуникациски канали.
Северна Кореја претходно предупреди денес дека е подготвена да испрати армија во демилитаризираната зона што ги раздвојува двете Кореи.