Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да објави мемоари кој ќе фрли светлина на мрачната приказна за семејството на американскиот претседател, објави денес нејзината издавачка куќа.

Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да објави мемоари кој ќе фрли светлина на мрачната приказна за семејството на американскиот претседател, објави денес нејзината издавачка куќа.

Книгата, напишана од Мери Трамп, ќерка на постариот брат на Трамп, Фред Трамп, „Премногу и никогаш не е доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек во светот“, излегува на 28 јули, соопшти издавачката куќа „Сајмон и Шустер“.
Иако се објавени бројни критични дела за изборот и мандатот на Трамп, за првпат член на семејството Трамп сведочи за него.
Книгата излегува среде кампањата за американските претседателски избори на 3 ноември, на кои Трамп се кандидира за својот втор мандат.
Во таа книга од 240 страници, таа пишува за настаните за кои била сведок во куќата на нејзините баба и дедо во Њујорк.
„Таа опишува кошмар и трауми, деструктивни врски и трагична мешавина на занемарување и злоупотреба“, велат од издавачката куќа.
Мери Трамп, специјалист за клиничка психологија, наведува дека Доланд Трамп „го отфрлил и исмејувал својот татко“ и покрај тоа што тој бил неговиот омилен син, кога неговиот татко започнал да страда од Алцхајмерова болест.
Таа опиша како специјални настани и семејни шеми го создале „распаднатиот човек кој сега е во Белата куќа“ и особено чудната и опасна врска меѓу нејзиниот дедо Фред Трамп, кој почина во 1999 година, и неговите двајца синови Фред Jуниор и Доналд.
Според порталот „Дејли Бист“, кој во неделата објави дека излегува книгата, Мери Трамп исто така треба да открие дека таа е главниот извор на голема истрага за финансиите на Доналд Трамп објавена во „Њујорк Тајмс“.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.