Фејсбук ќе им овозможи на корисниците да ги исклучат политичките реклами

од Nikola Popovski
140 прегледи

Корисниците на „Фејсбук“ ќе имаат можност да ги исклучат политичките реклами пред американските избори, според директорот на компанијата, Марк Закерберг.

„За сите вас кои веќе сте решиле за кога ќе гласате и само сакате изборите да завршат, ние ве слушаме – ви претставуваме можност да ги исклучите политичките реклами“, рече Цукерберг.

Во написот напишан за „USA Today“, Цукерберг исто така истакна дека неговата социјална мрежа работи на зголемување на излезноста на гласачите.

Фејсбук претходно беше остро критикуван затоа што дозволил политичките реклами со лажни информации да стигнат корисниците на таа социјална мрежа.

Ривалскиот Твитер забрани политичко рекламирање уште минатиот октомври.

Корисниците на Фејсбук – како и Инстаграм, кој е во нивна сопственост – ќе имаат можност да ги исклучуваат политичките реклами кога ќе се појават, како и да ги блокираат и да ги пријавуваат во компанијата.

Некои корисници ќе ја имаат оваа опција уште во среда, а се планира сите корисници во САД да ја добијат во наредните недели. Од Фејсбук додаваат дека ваквата опција ќе ја има и во другите земји на есен.

За гласањето

Во текстот, Цукерберг апелирал до луѓето кои не се регистрирани како гласачи да се регистрираат навреме за американските избори во ноември.

„Гласањето е глас. Тоа е најмоќниот израз на демократијата, најдобриот начин да ги доведеме одговорни нашите водачи, особено сега кога нашата земја се бори со низа проблеми“.

„Верувам дека Фејсбук има одговорност не само да го спречи притисокот врз гласачите – што диспропорционално ги таргетира Афроамериканците – туку и активно да поддржува добро информиранте гласачи, нивната регистрација и што поголема излезеност на изборите“.

Затоа, корисниците на Фејсбук и Инстаграм во Америка ќе го добијат Информативниот центар за гласање од јули, со информации за тоа како да се регистрираат, како да гласаат од странство и слично. Компанијата наведува дека ќе сподели само сигурни информации од државни службеници.

Фејсбук проценува дека нивната нова опција ќе достигне 160 милиони Американци до изборите на 3 ноември.

Политичко невреме

Социјалните мрежи се во центарот на политичката бура пред новите избори во САД.

Минатиот месец Цукерберг беше остро критикуван за не-отстранување на натписите на американскиот претседател Доналд Трамп од Фејсбук, вклучително и оние што Твитер ги означи како лажни информации.

Ова беше првпат Твитер да ги означи твитовите на американскиот претседател. Сето ова се случува во време кога Трамп редовно ги обвинува компаниите како Твитер и Фејсбук за задушување на идеите на конзервативците.