Бектеши: За сликата ние се извинивме, симболиката беше да дадеме асоцијација за природни убавини

од Берта Китинска
273 прегледи

„Дома си е дома“ не е кампања, платформата донесена со уредбата каде што сите корисници може да имаат увид на транспарентен начин да видат дали се добитници, важно е да напоменам дека оваа платформа беше направена во рок од 10 дена за да се излезе во пресрет на граѓаните, одговори министерот за економија Крешник Бектеши на прашањето во врска со грешката со фотографијата.

Тој напомена дека сиболиката на сликата е да се даде пример за природна убавина.

-Што се однесува за сликата ние се извинивме, но  симболиката беше да се дадеме пример иако немам море де дадеме асоцијација на планина и природни убавини, сега се работи на слики од нашата природна убавина, вели  Бектеши, тој објасни дека ако е направена намерна грешка ќе сноси некој одговорност.

Слични содржини