Стевановиќ: Педесет проценти од смртните случаи од коронавирусот на Инфективна се предоцна донесени

од Берта Китинска
282 прегледи

На новинарско прашање во врска со големата смртност кај пациентите со Ковид 19 во овој бран од епидемијата, поточно дали сега пациентите се носат во потешка здравствена состојба од порано, директорката на скопската Инфективна клиника, Милена Стевановиќ одговори:

-За прецизно дискутирање околу смртните случаи навистина треба да се направат прецизни, сериозни анализи и проверки што и како е заведено и пријавено. Јас би одговорила од аспект на Клиниката за инфективни болести, она што ние го гледаме таму и смртните случаи кај нас.Педесет проценти од пациентите кои се лекувале на Инфективната клиника се предоцна донесени.Имаме 90 пациенти кои се со смртен исход. Најголем дел од пациентите се донесени по десетина или 15 дена самолекување дома, без консултација со лекар, изјави директорката на  Инфективна.