
Во лабораториите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се регистрирани седум нови случаи на коронавирус. Така, сегашниот број заразени во Црна Гора се искачи на девет.
„Од вчерашниот пресек до 21:00 часот, лабораториите на Институтот анализираа 200 примероци, од кои 193 беа негативни и 7 позитивни за новиот коронавирус. Четири нови пациенти се контакти на претходно потврден случај, додека кај тројца нови пациенти во моментов се бара изворот на инфекција“, велат од ИЈЗ.
Новите пациенти се од Подгорица (4), Цетиње, Рожаја и Беране, по еден.
ИЈЗ посочува дека е во тек епидемиолошко истражување.