Европска земја не е повеќе „корона-фри“: Регистрирани седум нови случаи

од Nikola Popovski
182 прегледи

Седум нови случаи на коронавирус биле регистрирани во Црна Гора во средата.

„Од вчера до денес во 21 часот, лабораториите на институтот анализирале 200 примероци, од кои 193 беа негативни и седум позитивни Четири нови пациенти се контакти на претходно потврден случај, додека тројца нови пациенти во моментов го бараат изворот на инфекција“, соопштено е синоќа од Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

ИЈЗ посочува дека во тек се епидемиолошките истражувања.