Американскиот претседател Доналд Трамп еднаш прашал дали Финска е дел од Руската Федерација, објави „Њујорк Тајмс“, осврнувајќи се на сè уште необјавената книга на поранешниот советник на Трамп, Џон Болтон, која ќе биде објавена следната недела.
Имено, мемоарите под наслов „Собата во која се случи сè: Сеќавање на Белата куќа“, Трамп прашал дали Финска е дел од Русија, како и дали Велика Британија има нуклеарно оружје во свои раце.
Во своите мемоари, Болтон пишувал и за други теми и навел дека Трамп ја сметал идејата за офанзива во Венецуела „правилна и одлучна“.
Набргу откако медиумите ги објавиле овие информации, Белата куќа се огласила, додека Трамп лично го обвинил Болтон за објавување „тајни информации“, со што го прекршил американскиот закон.
„Тој го прекрши нашиот закон, тоа се тајни информации, тој нема дозвола да го објави тоа. Книгата што треба да се објави е исклучително контроверзна “, изјавил Трамп за„ Фокс њуз“.
Во исто време, во истото интервју, Трамп го пофалил американскиот трговски претставник во Кина, Роберт Лајтајзер, кој ги негирал обвинувањата на Болтон дека американскиот претседател наводно побарал помош од Пекинг за да победи на следните претседателски избори.