Аталанта и Валенсија одиграа натпревар во февруари што беше главен причина за ширење на коронавирусот во Италија, а Црногорците тврдат дека во нивниот случај тоа е вечното белградско дерби меѓу фудбалските клубови на Партизан и Црвена Ѕвезда.
Раководителот на Клиничкиот центар на болницата во Подгорица, Јевто Ераковиќ изјавил дека коронавирусот во Црна Гора повторно се шири поради навивачите кои биле на полуфиналниот натпревар од Купот на Србија, во кој Партизан на домашен терен ја совлада Црвена Ѕвезда со 1:0.
Ераковиќ ги повикал црногорските власти да истражат колку навивачи преку Босна и Херцеговина отишле во Србија и се вратиле во Црна Гора.
Црна Гора не ја отвори границата со Србија, оправдувајќи ја со високата стапка на инфекција. Вечното дерби, 200-та по ред, се одигра минатата среда пред околу 15.000 гледачи на стадионот ЈНА.
Ниту еден нов случај не беше регистриран во Црна Гора 42 денови, а потоа од 14 јуни се регистрирани девет нови случаи.