Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за обвиненијата на поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон дека рускиот претседател Владимир Путин манипулирал со својот американски колега Доналд Трамп, изјавил дека Трамп не е марионета на Путин.
„Не, Трамп не игра на начинот на кој Путин свири. Она што Путин го мисли за Трамп е кажано многу пати лично во бројни интервјуа“, изјавил тој.
Песков исто така изјавил дека Путин не смета дека со Трамп лесно може да се манипулира.
Џон Болтон планира да објави книга со мемоари под наслов „Собата каде што се случи: Мемоарите на Белата куќа“, во која тој изјави дека Трамп ги ублажил своите ставови за Венецуела, откако разговарал со Путин.
Тој исто така напишал дека Путин во „големиот советски стил“ успеал да го убеди Трамп да „ги олесни санкциите што требало да ги воведе Вашингтон против официјален Каракас“.
Патем, книгата на Џон Болтон предизвика бурна реакција во американската јавност, а како што објавија медиумите, таа треба да биде пуштена во продажба од следната недела.