Црна Гора: Четири новозаразени, 35 активни случаи

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани четири нови случаи на коронавирус, а тестирани се 297 лица.

Во моментов има 35 активни случаи на заболени од Ковид-19.

Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора велат дека двајца нови пациенти се од Подгорица, а по еден од Беране и Бјело Поље.

„Случајот од Бјело Поље е поврзан со настаните во Рожаје, додека во другите се спроведуваат епидемиолошки истражувања“, се вели во соопштението на ИЈЗЦГ.

Црногорската влада во изјавата тврди дека во Рожаје „најмалку 26 од 31 случај на активно заболени со коронавирусот биле директно увезени од Србија или се проширила преку црногорски државјани кои во изминатите 10 дена нелегално престојувале во Србија“, објави „Вјести“

Од 35 активни случаи, повеќето од нив се во Рожаје (14), по што следат Подгорица (11), Беране (3) во Будва и Цетиње, по два, а по еден во Бар, Улцињ и Бијело Поље, пренесува РТЦГ.