Трамп барал помалку тестирања за Ковид-19: Кога го правите тоа масовно, ќе најдете повеќе заразени (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на првиот предизборен митинг во Тулса, Оклахома, на кој присуствуваа помалку луѓе отколку што се очекуваше, објави дека тој им кажал на службените лица на администрацијата да го намалат обемот на тестирање на коронавирус, како резултат на зголемениот број случаи во САД.

– Знаете, тестирањето е меч со две острици. Кога тестирате масовно, ќе најдете повеќе луѓе. Затоа им реков на моите луѓе: „Ве молам, забавете го тестирањето“, рече Трамп на митингот во саботата.

Неименуван претставник на Белата куќа подоцна изјави за Си-Ен-Ен дека „претседателот очигледно се шегувал“.

Според медиумот, за време на неговиот говор, Трамп користел израз кој алудира на фактот дека вирусот потекнува од Кина.