
Претседателот на Србија и СНС, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека листата што го носела неговото име ја доби огромната доверба на народот, најголемата досега во Србија, наведувајќи дека, засега, има освоено повеќе од два милиони или 63,4 проценти од гласовите.
„Јас веќе долго време сум во политиката, но никогаш не сум доживеал ваков момент. Вечерва се стекнавме со голема доверба на луѓето, најголем досега во Србија, во услови кога малкумина веруваа во тоа“, рече Вучиќ во обраќањето од седиштето на СНС.
Вучиќ рече дека СНС добила повеќе од 2 милиони гласови на нешто помалку од 3,3 милиони граѓани кои излегле на гласање, што, како што истакна, е историски момент.
Во исто време, како што рече, таа листа добила големо предупредување од народот.
„Мора да бидеме уште поодговорни и посериозни и мора да бидеме повнимателни и да ги направиме најдобрите можни резултати за граѓаните“, рече Вучиќ.