Тренерот на Ѓоковиќ позитивен на коронавирус, заразен и Борна Чориќ

од Aleksandar Petrovski
260 прегледи

Марко Паники, фитнес тренерот на Новак Ѓоковиќ, позитивен е на коронавирус, потврдено е со тестирање во Задар.

По веста дека тројца тенисери се заразени со „Ковид-19“, откако беше објавено дека го има Григор Димитров, пристигнаа официјални информации од организацијата.

Како што беше соопштено од екипата на српскиот тенисер, од 22 лица кои во текот на ноќта биле тестирани за коронавирус во Задар, три лица биле позитивни и тоа Борна Чориќ, Кристоф Грох, тренерот на Григор Димитров и Марко Паники, фитнес тренерот Новак Ѓоковиќ.

– Сите тројца го направија таканаречениот нулта тест и ќе останат во самоизолација во Задар. Повторниот тест ќе се направи за 5 дена по што ќе бидат преземени понатамошни чекори. Ако тестот е негативен, тие ќе можат да одат дома, а доколку е позитивен, тие ќе продолжат да постапуваат согласно препораките на надлежните – беше речено од тимот на Новак.

Сите други, вклучително и членови на тимот на Ѓоковиќ и други тенисери, како Зверев и Чилиќ, беа негативни и можат да си одат дома со задолжителен период за самоизолација од 14 дена.