Приведен скопјанец, во неговиот „порше-каен“ пронајдени мигранти

од Берта Китинска
176 прегледи

„Вчера претпладне во близина на бензинската пумпа на магистралниот пат Овче Поле – Велес, кај местото Делисиска Пруга, полицијата го привела Љ.А. (26) од Скопје во чие возило„порше-каен“ со скопски регистарски ознаки се откриени 12 мигранти од Бангладеш“, соопшти МВР.

Мигрантите се сместени во кампот „Винојуг“ за понатамошна постапка, додека против шверцерот на мигранти од Скопје, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Минатата недела беа фатени двајца гевгеличани кои се обиделе да пренесат 142 мигранти.