Фудбалскиот клуб Црвена Звезда информираше дека пет фудбалери од оваа екипа се заразени со новиот корона вирус.

Како што порачаа од клубот, станува збор за Марко Гобељиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Конатар и Бранко Јовичиќ.
„Играчите се чувствуваат добро, се наоѓаат во строга изолација и се во постојан контакт со медицинскиот тим од клубот. Состојбата на играчите внимателно се следи и ќе биде направено уште едно тестирање“, се вели соопштението на клубот.