ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛЕКАРИТЕ: Коронавирусот може да предизвика дијабетес и кај здравите луѓе

од Aleksandar Petrovski
188 прегледи

Најновото истражување од Англија и други земји сугерира дека возрасните со дијабетес тип 1 и 2 имаат зголемен ризик од смрт доколку се заразат со Ковид-19.

Но, на почетокот на јуни, неколку експерти од целиот свет напишаа извештај во магазинот New England Journal of Medicine (NEJM) според кој коронавирусот не е ризичен само за лицата со дијабетес, туку дека таа всушност може да предизвика и шеќерна болест.

Два вида на дијабетес

Постојат два главни вида на дијабетес. Тип 1 е автоимуна болест, односно е предизвикана од сопствен имунолошки систем на организмот кој ги напаѓа бета клетките на панкреасот кои произведуваат инсулин сè до апсолутен недостаток на инсулин. Не е познато точно што ја активира оваа автоимуна реакција, но некои експерти веруваат дека нејзиното активирање би можело да бидат вирусни инфекции.

Дијабетесот тип 2 е далеку од најчестата форма на дијабетес; се јавува во 90% од случаите. Повеќето пациенти произведуваат изменети или дури и нормални количини на инсулин, но поради нарушувања во клетките на црниот дроб и мускулите, постои отпорност на неговото дејство, пишува The Conversation.

Коронавирус и дијабетес

Кинеските научници објавија информации за случајот на инаку здрав млад човек кој се здобил со тешка форма на дијабетес откако се заразил со коронавирусот. Пред пандемијата „ковид-19“, во Азија се случи епидемија на САРС од 2002 до 2004 година, што исто така беше предизвикано од вирус на коронавирус. И тогаш почетокот на акутен дијабетес е забележан кај луѓе кои добиле пневмонија поради инфекција САРС.

Во повеќето од овие случаи, дијабетесот исчезна по три години, но остана во 10 проценти од пациентите.

Имено, коронавирусните соеви кои предизвикуваат САРС и ковид-19 имаат сличен начин на влегување во клетките. Протеините на површината на вирусот се прикачуваат на ACE2 протеините кои се наоѓаат во многу типови на клетки, како што се клетките на белите дробови, бубрезите и панкреасот.

Проблем со панкреасот

Експертите претпоставуваат дека ковид-19 го нарушува нормалното функционирање на клетките на панкреасот, што доведува до нарушувања во процесите што го одржуваат нивото на гликоза во крвта преку лачење на инсулин.

Треба да се напомене дека ова се претпоставки на некои научници и дека сè уште не е потврдено со сигурност дека ковид-19 предизвикува дијабетес тип 1 или 2. Некои лекари дури и посочуваат дека може да се работи за сосема нова форма на дијабетес.

За разлика од мноштвото податоци што го поврзуваат дијабетесот со дебелината и високиот крвен притисок, до сега се направени многу малку студии за влијанието на ковида-19 врз развојот на дијабетес. Затоа, стручњаците кои му пишале на НЕЈМ развиле регистар за да ги евидентираат сите случаи на дијабетес поврзани со пандемијата на коронавирус.

Овој вид регистар е неопходен за да се соберат доволно количество на податоци што може да укаже на поврзаност помеѓу ковид-19 и дијабетесот.

Слични содржини