Од 15.02.2020 до 20.06.2020 тестирани се вкупно 51.220 материјали (детектирани 5.105 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.Со ова во Р. С. Македонија се направени 24.754 тестови на 1.000.000 жители.

Според информациите на Институтот за јавно здрвје исходот од заболувањето, 2.940 лица (57,6%) се активни случаи, 1.927 случаи (37,7%) се водат како оздравени (261 од нив се здравствени работници и 21 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување. Од случаите кои се водат како оздравени, 444 (23,0%) биле хоспитализирани додека останатите 1.483 (77,0%) биле на домашно лекување.
Вчера беа потврдени 90 нови случаи на ковид 19-со што вкупната бројка на дијагностицирани се икачи на 5196, оздравени беа 48 пациенти и починаа 9 лица.